10 иновативни идеи за подарок за Денот на вљубените
Има ли поубав ден за подарување отколку 14 февруари? Свети Валентајн или Денот на вљубените секоја година се повеќе добива на значење и го привлекува вниманието на оние кои се во пар. Да, на оние заљубените.
Но, иако ова е ден за искажување на љубовта и посветување на внимание, немојте да заборавите дека еден ден во годината не значи ништо. Тоа е само обичен датум. Љубовта треба да ја покажувате секој ден. Не се потребни некои големи гестови, туку ситници, драги спомени, прекрасните зборови како едно „Те сакам“ е она што е потребно за да ви се поправи лошиот ден и да ви даде до знаење дека сте сакани и ценети. Немојте да чекате ничиј роденден, годишнина, прослава... Кажете им на личностите за кои се грижите дека се посебни, дека ги почитувате, сакате.
Никогаш не е предоцна.
Но, доколку си една од оние личности на која конверзацијата не и оди од рака и сакате малку поинаку да ја искажете својата љубов, во продолжение имате неколку совети за единствен и уникатен подарок.
# Спомени кои лебдат
Букет од балони во облик на срце во кои се наоѓа порака „Те сакам“! По овој подарок ќе бидете обожавани.
# Љубовна листа
Направете листа од 100 работи кои ги сакате кај својата половина, испечатете ја и ставете ја во рамка. Листата може да нежна, полна со љубов или пак малку заводлива, а преку истата ќе можете да го искажете своето воодушевување. Доколку сакате личноста да се почувствува посебно, прочитајте ја листата на глас.
# Седум дена љубов
Седум дена изненадувања, седум дена убави зборови. Купите мали садови за лекови и во нив ставете убави пораки, една порака за еден ден во неделата. ОВДЕ може да видите детално за што зборуваме.
# Сертификат за најдобро момче / најдобра девојка
Направете сертификат или потврда, на која ќе ги напишете сите карактеристики кои ги сакате кај својот партнер/ка. Можете да го ставите во рамка и да го закачите на некое видливо место.
# Порака во балон
Заборавете на испраќањето на пораките во шише. Ова е МНОГУ подобро од тоа. Деталите за правењето на овој убав подарок погледнете ги ТУКА.
# Единствен подарок
Напишете му / и песна. Важно е да доаѓа од срце и со самото тоа ќе биде единствена.
# „Зошто те сакам?“
Земете тегла со капак и декорирајте ја како што сакате. Исечете парчиња хартија во боја и на секоја од нив напишете по една рбаота која ја сакате кај вашата сакана личност. Ќе ви треба малку повеќе време за да ја изработите, но реакцијата подоцна ќе ве усреќи.
# Направете книга по својата љубовна приказна
Со помош на овој САЈТ и нивниот програм, сега можете да направите сопствени илустрации и испратете ги по маил на својата сакана личност.
# Вечерата со свеќи е секогаш одлична идеја
Направете романтична вечера за двајца со свеќи и романтична музика. Можете дури и да направите плејлиста од заедничките омилени песни, кои ве потсетуваат на заедничките спомени.
# На самиот крај, доколку ништо од ова не успее или немате време, една работа е секогаш загарантирана - ВИЕ ДА БИДЕТЕ ПОДАРОКОТ. Ставете си убава машничка и завршена е работата.