10 лесни правила за добро здравје

10 лесни правила за добро здравје

Објавена во: Совети // Вежбаме

Ова е период на настинки и периодот на хартиени марамчиња по џебовите. Со малку труд може да уживаш во добро здравје, доволно е само да  следиш некои од овие 10 едноставни правила.


  1. Спиј доволно! Недостатокот на спиење го намалува имунитетот.
  2. Избегнувај зачадени простории и простории во кои се пуши.
  3. Ако чувствуваш постојан замор, оди на лекар. Исцрпеноста може да се должи на недостаток на железо или анемија.
  4. Не го заборавај појадокот. Тоа нема да ти наштети, напротив ќе имаш енергија во текот на цел ден.
  5. Внимавај на исхраната, но не гладувај и не се изложувај на опасни диети. 
  6. Движи се што повеќе можеш и барем 2 пати во неделета шетај некаде каде воздухот е почист.
  7. Спортувај! Физичките активности и спортот ја подобруваат активноста на кардиоваскуларниот систем и создаваат добро расположение. 
  8. Јади храна богата со калциум, како што се свежиот лиснат зеленчук, млечни производи, соја или грав.
  9. Коските имаат потреба од витамин Д. Сонцето, рибата, јајцата и зеленчукот ќе го снабдат телото со потребната дневна количина на витамин Д.
  10. Јади овошје! Грицките и благото замени ги со банана или мандарина.

Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: