10 лоши навики за кои никогаш не би помислиле дека се корисни за вас
Доколку правиш некоја од овие работи и другите ти велат дека тоа не е убаво и треба да престанеш - сега можеш да им кажеш дека не се во право.
Неверојатно! За некои од овие работи никогаш не би помислил/а дека се добри за себе, но овие 10 се препорачува да ги правиш:
# Гума за џваќање: го намалува нивото на стрес и го поттикнува помнењето
Гумата за џваќање има многу позитивни ефекти на нашето тело. Освен што го подобрува помнењето, вниманието, помага и кај донесувањето одлуки. Истражувањата покажале дека луѓето подобро решаат тестови за помнење, доколку џвакаат мастика. Уште еден голем плус кој наводно го има гумата за џваќање е намалувањето на стресот.
# Играње видео игри: ја подобрува способноста за учење и носење одлуки
Видео игрите и сите останати игри кои не се пасивни, туку ве поттикнуваат на акција, се уште една необична работа која е всушност добра за вас. Преку играњето ги научиш да донесуваш одлуки, потврдуваат истражувањата. Доколку играш игри кои бараат брза реакција, тоа ќе му помогне на твојот мозок и полесно ќе учиш. За жал ова не се однува на игрите како Симс, туку на сите оние акциони кои најчесто ги обожаваат децата.
# Вулгарни зборови: го намалуваат стресот и ја зголемуваат толеранцијата за болка
Изговарањето на вулгарни зборуви е лоша навика и треба од неа да се спасиш, барем така велат многумина. Но, еве зошто не треба да ги послушаш. Различни истражувања покажале дека преку оваа активност се намалу големината на стресот и помага што побрзо да се спасиш од фрустрациите. Исто така, може да ја зголеми толеранцијата за болка, откриваат во своето истражува на смерот психологија во Keele University's School.
# Неуредност: поттикнува креативност
Родителите повеќе ти зборуваат дека неуредноста е знак дека немаш убави манири, дека не знаеш да се организираш и дека немаш дисциплина. Всушност, тоа што си неуреден/неуредна е знак дека си креативна личност. Кетлин Вохс го потврди тоа со експеримент кој го правеше на Универзитетот Minnesota.
# Долго спиење: ја намалува можноста за срцев удар
Оние кои се будат рано, за оние кои спијат до подоцна велат дека се мрзеливи и немотивирани. Тоа не е вистина! Раното будење е всушност лошо за здравјето. Луѓето кои се будат рано имаат поголеми шанси да имаат проблеми со висок притисок и подоцна во животот да имаат срцев удар.
# Озборување: помага во зацврстување на пријателствата и го намалува стресот
Иако ова однесување се смета за лошо и дека така покажуваш дека не може да ти се верува, психологијата има поинакво мислење. Дојдено е до заклучок дека озборувањето всушност ги подобрува нашите односи со луѓето и помага пријателствата да се развиваат. Покрај тоа, тоа ја намалува и висината на стрес и анкциозност.
# Подждригнување: помага кај намалување на болката во стомакот
Подждригнувањето звучи одвратно и не е убаво, но е корисно. Ова е важен дел од процесот за преработување на храната. Помага од твоето тело да се отстранат гасовите и да се одржи добро желудично здравје. Тоа не значи дека е океј да подждригнуваш во автобус, но доколку си со луѓе кои добро ги познаваш немој да се воздружуваш.
# Прескокнување на туширање: ја омекнува кожата и ги задржува добрите бактерии
Не сакаме да ти кажеме дека е добро доколку редовно не се тушираш, но дека доколку понекогаш прескокнеш, тоа може да има добро влијание. Секојдневното туширање со топла вода може многу да ја исуши твојата кожа, додека доколку се тушираш секој втор ден, тоа на твојата кожа и дава шанса да ги обнови природните масла, да биде помека и да има природен сјај.
# Користење на социјалните мрежи: ни даваат емоционална поддршка и чувство дека сме поврзани
Ништо не е добро кога е претерано, па така и скролањето по социјалните мрежи, но умереното користење се покажа како многу добро. Има позитивно влијание на животот на личностите и ни дава чувство дека сме поврзани со луѓето, тоа помага инспиративно да се поврземе со целите или да најдеме емоционална поддршка.
# Туширање со ладна вода: ја подобрува циркулацијата и може да влијае на намалување на тежината
Оние кои се тушираат со ладна вода нема полесно да се разболат, туку ќе си ја подобра циркулацијата и имунолошкиот состав. Кога се тушираш со ладна вода, губиш и на тежина. Ти треба ли уште некоја дополнителна причина за своите топли купки ги замениш со ладен туш?
Сите овие работи не се измислени, туку се потврдени преку различни истражувања.