10 причини кои твојата мајка ја прават твоја најдобра пријателка!
Доколку имаш супер однос со својата мајка, ќе се сложиш дека таа е најважната личност во твојот живот. Таа е примерот кој те инспирира да бидеш најдобра верзија од себе и да ги искористиш сите свои потенцијали и таленти. Нејзината љубов е безусловна и секогаш е тука кога ти треба, без оглед каде се наоѓа. И секако, никој не готви како неа.
Се надеваме дека немаш заборавено дека денес е Денот на мајката, затоа што тие се трудат секој ден да биде наш ден. Порталот EliteDaily направи листа од 10 работи кои докажуваат дека твојата мајка, воедно е и твоја најдобра пријателка. Затоа денес е идеална можност да и покажеш колку ти значи.
# Твојата среќа и е на прво место.
# Таа е твојот најверен навивач во се што правиш откако си се родила.
# Таа те сака без оглед како изгледаш и како си расположена тој ден.
# На нејзе можеш да и кажеш се што те мачи и знаеш дека ќе те сослуша.
# Од нејзе најверојатно си ја наследила смислата за хумор, па така често можете да се насмеете на истите шеги.
# Секогаш ќе ти даде корисен совет, бидејќи е многу позрела и помудра од тебе.
# Таа ќе ти го чува грбот кога ќе имаш проблеми.
# Можеби нема да биде ИН како твоите другарки, но секогаш ќе се труди да ги прави работите што ги сакаш.
# Таа е твојот единствен контакт за „итни случаи“. Нејзиниот број е еден од ние кои секогаш ќе ги знаеш на памет.
# Таа никогаш нема да го заборави твојот роденден, ниту било кој слично важен ден.