10 совети за побрзо и поквалитетно учење!
1. Правете 5 -10мин паузи после секој предмет.
2. За време на паузите напијте се природно цеден сок или вода.
3. Запишувајте помали цели на самолепливи ливчиња или на кое било друго место.
4. Подвлечете ги најбитните работи во книгата и тетратката.
5. Прочитајте ја лекцијата, а потоа прераскажете си ја.
6. Снимајте се самите себеси на снимачот за глас на вашиот телефон. Потоа наутро кога одите на училиште наместо музика преслушајте ја снимената лекција.
7. Додека учите исклучете го вашиот мобилен телефон.
8. Не препишувајте - секогаш гледајте да научите сами.
9. Верувајте во себе и верувајте во тоа дека вие можете да научите.
10. Пронајдете инспирација за учење.
Превземно од блогот „Земи Совет“ на Емрах Јусуфовски.
Foto: iStock