100 часа се лепени само кристалите: Чантата која Карди Би ѝ ја купи на 3-годишната ќерка е главна тема во модниот свет

100 часа се лепени само кристалите: Чантата која Карди Би ѝ ја купи на 3-годишната ќерка е главна тема во модниот свет

Објавена во: Мода // Moj стил

Раперката никогаш не криела дека огромното богатство, ги расипало сопругот Офсет и неа, но и нивната ќерка Калчр...

Белкалис Алманзар (28), попозната како Карди Би, наскоро ќе добие второ дете со раперот Офсет (29) од групата „Мигос“, но нивната сакана Калчр (3) сигурно не е запоставена додека траат подготовките за раѓањето на бебето.

Карди, која не крие дека не размислува за пари кога сака да ја израдува својата ќерка со нешто оригинално и интересно, сега се пофали дека тригодишното девојче ја надополнила својата колекција скапи чанти!

Имено, таа доби жолта чанта на Хермес Биркин од нејзината мајка, украсена со виножито и облаци, а нејзината цена, според странските медиуми, е - 48.000 долари! Тоа би изнесувало нешто повеќе од 2,5 милиони денари во нашата валута.

Чантата инаку е персонализирана, на неа има 30.000 кристали, а само тие биле лепени на чантата околу 100 часа.

Карди Би објави неколку фотографии од себе, своето трудричко стомаче и ќерката Калчр и напиша: „Јас и мојот најдобар пријател за цел живот“.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: