107-годишни Јапонки се официјално најстарите идентични близначки во светот: Го соборија Гинисовиот рекорд
фото:guinnessworldrecords.com
Двете 107- годишни Јапонки влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најстарите живи идентични близначки во светот.
Умено Сумиама и Куме Кодама, го соборија рекордот поставен од починатите јапонски сестри близначки Кин Нарита и Џин Кани
Умено и Куме, се опишани како друштвени жени и се родени на 5 ноември 1913 година, на островот Шодошима, Јапонија.
На денот на почитувањето на старите лица, национален празник во Јапонија, близначките официјално станаа рекордери.
Поради моменталната ситуација со пандемијата на коронавирусот, и како мерка на претпазливост, на сестрите, кои живеат во различни делови на Јапонија, им беа испратени официјални потврди.
Имињата на претходните рекордери на јапонски значеа сребро и злато
Претходните рекордери Кин и Џин ја држеа титулата најстари идентични близнаци на 107 години и 175 дена, до смртта на Кин во јануари 2000 година, додека нејзината близначка Џин почина следната година, на возраст од 108 години.
Семејството на Умено и Куме рекоа дека двете сестри се шегуваат за возраст. тие имаат 107 години и 300 дена.
Умено има четири деца, а Куме има три деца. Сестрите живеат во различни старечки домови.
Во Јапонија, очекуваниот животен век е најдолг во светот, а постарите луѓе уживаат значителна почит.
Според Гинисовите записи, најстарата жива личност е 118-годишниот Јапонец Кане Танака.
извор:telegraf