11 ГОДИНИ БЕЗ ТОШЕ ПРОЕСКИ: ЗАР НЕКОЈ МОЖЕ ДА ТЕ ЗАМЕНИ?
Нѐ напушти на денешен ден пред 11 години. Остана запаметен по неговата скромност и хуманост. Миленик на сите генерации, обожуван на целиот Балкан. Тоше Проески на 16 октомври 2007 година трагично настрада во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, во Хрватска. Имаше само 26 години.
Песните на пејачот со ангелски глас сѐ уште се пеат, а доказ за тоа е и претстојниот концерт во негова чест закажан на 2 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“. На концертот ќе биде промовиран и албум со негови досега необјавени песни насловен Secret place.