11-годишниот Новак го засакал Тито и СФРЈ преку Јутјуб: Сонував како живеам во Југославија (ВИДЕО)

11-годишниот Новак го засакал Тито и СФРЈ преку Јутјуб: Сонував како живеам во Југославија (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // School zone

Доаѓаат нови генерации кои преку приказните на своите родители, баби и дедовци формираат впечаток за земјата во која пораснале.

Новак Радовиќ (11) од Белград во срцето ја има СФРЈ, иако е роден речиси една деценија по нејзиното распаѓање.

Комбинацијата од приказните на родителите и видеата на Интернет, кај него разбудиле фасцинација кон „големата“ Југославија. Толку е фасциниран што и самиот тврди дека сонувал дека живее во тоа време.

Во „Куќата на цвеќето“ за Денот на младоста тој се истакна помеѓу повеќето повозрасни посетители.

Со многу интегритет за волку мало момче, носи капа со ѕвезда со пет краци, ја поздравува бистата на Тито и го носи знамето на СФРЈ.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: