11-годишно момче има повисок коефициент на интелигенција од Стивен Хокинг и Алберт Ајнштајн: Сака да студира на Оксфорд или Кембриџ

11-годишно момче има повисок коефициент на интелигенција од Стивен Хокинг и Алберт Ајнштајн: Сака да студира на Оксфорд или Кембриџ

Објавена во: Совети // School zone

Малиот генијалец постигна највисок можен резултат на тестот за интелигенција на Менса, со што ги надмина и Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

11-годишниот Јусуф Шах има IQ кој изнесува 162, што е највисок резултат за помладите од 18 години и се вбројува во многу реткиот процент на луѓе. Хокинг постигна оценка до 160,  а Ајнштајн никогаш официјално не го полагаше тестот, но се верува дека имале ист број.

„Сите во училиште мислат дека сум многу паметен и отсекогаш сакав да знам колкав ми е коефициентот на интелигенција. Посебно е чувството да се има сертификат со овој резултат“ - кажа Шах, кој инаку е од Лидс, Велика Британија.

Јусуф моментално оди во 6-то одделение и се надева дека ќе студира математика на Оксфорд или Кембриџ. Истакнува дека сака да прави работи кои го стимулираат неговиот ум, како што е сложувањето на рубикова коцка. Кога првпат ја земал во раце, му бил потребен еден месец да ја состави. Освен тоа, ужива кога решава судоку.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: