120 години стара фотка ги збуни сите: Дали Грета Тунберг е патник низ времето?
Фотографијата од девојчето, направена 121 година претходно, стана вирална и предизвика гласини дека тинејџерката Грета Тунберг, која е активистка за климата е патник низ времето, кој се вратил од минатото за да ја спаси иднината. Звучи лудо, нели? Но, почекајте да ја видите фотогорафијата.
На фотографијата, која е откриена во архивата на Универзитетот во Вашингтон, се прикажани три деца како земаат вода од бунар. Девојката, која е во преден план изгледа како Грета. Плетенките, структурата на лицето, очите - сè изгледа толку слично. Исто така, девојката на фотографијата изгледа како да е гневна, многу слично како кога Грета го застрела со поглед американскиот претседател Доналд Трамп во видеото кое стана вирално.
Според историчарите, фотографијата отприлика е направена во 1898 година во Канада, во рудникот за злато.
Грета, порано оваа година направи бум кога им се обрати на почитичките лидери и пратеници и ги обвини дека ја уништиле иднината на децата со уништувањето на околината. „Како се осмелувате? Вие ги украдовте моите соништа и моето детство со вашите празни зборови“ - рече таа на Самитот на Обединетите нации за климатските промени.