14-годишно девојче со Даунов синдром било исечено од групната фотографија: Нејзината реакција ќе ви го скрши срцето

14-годишно девојче со Даунов синдром било исечено од групната фотографија: Нејзината реакција ќе ви го скрши срцето

Објавена во: Совети // School zone

Две фотографии од навивачкиот тим на „Shoreline Junior“ во Јута биле скоро идентични - група девојки во сино-бели униформи, со идентични мажуретки во рацете, се смешкаат во камерата.

Меѓутоа, постои суштинска разлика помеѓу фотографиите кои предизвикаа одбивање во училишната заедница и на Интернет.

На една од фотографиите гледаме 14-годишно девојче со Даунов синдром. На другата фотографија - која заминала на печатење - девојчето го нема.

Очигледното исклучување не ѝ побегнало на Морган Арнолд, која се растажила откако открила дека на фотографијата не е со својот сакан тим навивачки, изјави нејзината сестра Џордин Пол за „The Salt Lake Tribune“.


„Семејството не е заинтересирано за понатамошна расправа“ - објаснува таткото на Морган, Џеф Арнолд, но ова искуство било тешко за нивната ќерка.

Во интервју за „Базфид Њус“, таткото на девојчето објасни дека книгата со спомени била најважниот момент од учебната година. Кога неговата ќерка открила декаа е изоставена од фотографијата, одбила да ја погледне.

„Ја прашав: Морган, како си? Како си?“ - кажа Арнолд.

„Тажна сум , но ова се моите пријатели“ - му одговорила таа.

Тој додаде дека се надевам дека приказната за Морган ќе покрене повеќе разговори за интеграцијата, не само за лицата со посебни потреби.

„Сите сме посебни и единствени на свој начин“ - кажа Арнолд и додаде:

„Знам дека имало и други луѓе освен Морган кои го искусиле истото, бидејќи добивме многу вести... нивните деца не се ништо помалку важни од Морган, само затоа што луѓето се собраа околу неа мислам дека тоа е само потсетник дека е вжано да се биде свесен за она што е важно“.

Според зборовите на потпаролот на училишниот округ Давис Шон Лунд, училишниот округ му се извинило на семејството и презел чекори како да сречнат слични инциденти да се случуваат во иднина.

„Длабоко сме тажни поради направената грешка. Уште разгледуваме што се скучило и зошто се случило“ - кажа потпаролот Лунд за „Базфид Њус“.

Нејасно е кој е ја донел одлуката за да се отстрани Морган од фотографијата и зошто, но Арнолд од своето искуство за „Базфид Њус“ кажа дека тоа е „прилично типично“.

фото: Принтскрин / Твитер

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: