15 - годишниот Лука има невообичаено хоби: Секој ден по училиште одам кај своите кози

15 - годишниот Лука има невообичаено хоби: Секој ден по училиште одам кај своите кози

Објавена во: Совети // School zone

Младиот козар од Истра вели дека постигнува и со училиштето и задачите и со обврските околу козите. Научил да прави сирење, а неговата коза Пина на изборот за најдобра коза ја прогласиле за мисица. Кога ќе порасне сака да се занимава само со кози.

„Секој ден кога ќе завршам со училиштето, јадам нешто и веднаш со велосипедот одам во Ракаљ да се занимавам со своите кози, со своето богатство. Не е напорна работа за оној кој ја сака. Доколку работиш со љубов, тогаш се е полесно“ - раскажува 15 - годишниот Лука Лупетин за 24sata.hr.

По 17 часот секој ден овој ученик од прва година во Земјоделското средно училиште оди кај своите кози. Ништо не му е тешко да направи за своите две миленички, а тие љубовта и негувањето му го возратиле со тоа што во септември биле прогласени за Мис на кози и втора придружничка. Неговата Пина е прогласена за најдобра коза, а малата 6 - месечна Ема на изборот ја добила титулата втора придружничка.

„Во животот сакам да се занимавам само со кози. Сакам од тоа да можам да живеам, а доколку продолжам да работам со ова темпо, сигурно ќе успеам. Моите родители не се земјоделци. Мајка ми работи во болница, а татко ми работи во полиција. Јас таа љубов ја наследив од баба ми и дедо ми. Кога на родителите им кажав дека сакам кози, најпрво се чудеа. Први кои ми помогнаа се баба ми и дедо ми. Моите кози се најубави и јас сум многу горд на нив. Кога на изборот за најдобри кози ја прогласија мојата Пина за мисица, срцето скоро па ми застана од среќа“ - се присетува Лука.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: