15-годишниот син на НБА ѕвездата официјално стана жена: Мајката беше против сѐ, дури и го обвини поранешниот сопруг (ФОТО)
Синот на познатиот кошаркар Двејн Вејд сега официјално стана жена, за што доби одобрение и од судот...
По повеќегодишната драма и јавно препирање помеѓу пензионираниот кошаркар Двејн Вејд и неговата поранешната сопруга Савон Фунчес Вејд околу трансродовата ќерка Заја, судот во Лос Анџелес донесе и официјална пресуда - на девојчето сега му е одобрен и нов идентитет, со што се заврши нејзината транзиција, јавуваат американските новинари.
Зара (15), која некогаш се викала Зајен, сега има ново име и пол, а судот одлучуваше по барањето на нејзиниот татко кое датира од август минатата година, кој сега изјавува дека не може да биде погорд.
Името на Заја сега е Заја Малачи Ејрамис Вејд, а дека сака да го промени полот, за првпат јавно објави во 2020 година. Интересно, Вејд отсекогаш го поддржуваше синот во одлуката да го промени полот, додека поранешната споруга, со која бракот го заврши во 2010 година по 8 години брак, го обвинуваше кошаркарот дека врши притисок на Зајен, бидејќи сака да заработи од неговото, односно нејзината приказна.
Вејн се бранеше и тврдеше дека само сака Заја да живее нормално и искрено во сите аспекти од своето постоење.
Од друга страна, мајката на Заја апелираше да почека со транзицијата додека не наполни 18 години и не стана самостојна и позрела.
Како изгледа денес Заја, погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм