17 годишната Џејла победи на Ѕвездите на Гранд: Мартинијан со најголем успех!
Вечерва се одржа финалето на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд. Од нашата држава имаше 4 натпреварувачи, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Дарко Коцевски и Филип Пецовски.
Победата ја однесе 17 годишната Џејла Рамовиќ, која освои 334 гласови од жири и 683 гласови од публиката. Апсолутната победничка беше во тимот на пејачката Марија Шеровиќ.
Од нашите натпреварувачи највисоко се пласираше кумановецот Мартинијан, кој со 133 гласови од жири и 95 од публика го освои петтото место.