18 години по настапот кој сите го паметиме: Зендаја ѝ оддаде почит на Бијонсе во фантастичниот фустан на Версаче
Младата 24 - годишна актерка Зендаја која го привлече вниманието поради серијата „Еуфорија“ во која глуми поранешна зависничка Ру, заблеска на доделувањето на наградите „BET“ во долга верзија на фустанот на Версаче, кој во 2003 година го прослави Бијонсе.
Актерката фустанот го искомбинира со прилагодени виолетови сандали, потоа дијаманти и елегантно ниско коњско опавче.
„Crazy in Love“ - напиша Зендаја покрај фотографија на Инстаграм, која има повеќе милиони лајкови.
Инаку, Бијонсе овој фустан го носеше на својот прв соло настап на истоимените награди во 2003 година. Со изведбата на песната „Crazy in Love“, пејачката ја воодушеви тогаш публиката, а во тоа време, многу жени посакуваа да имаат таков фустан.
Овој фустан од архивата го извлече стилистот на Зендаја, Ло Роуч, кој објави видео од актерката во фустанот, покрај кое напиша: „Најдете си стилист со архива!“.