20 години Вински витези во Македонија

20 години Вински витези во Македонија

Објавена во: После „Школо“ // PR

Ширењето и поддршката на знаењето за винската традиција и ено-гастрономијата во Македонија преку Конзулатот на винските витези и љубители на виното цели две децении се покажува како исклучително благородна мисија. Основан во 2004, Конзулатот на вински витези на Македонија брои повеќе од 120 членови и како дел од големото семејство на Европските вински витези, Ordo Equestris Vini Europae, веќе 20 години успешно спроведува бројни активности за унапредување на винската култура во Македонија. Конзулатот на вински витези служи и како инспирација за заедничко дејствување на полето на едукацијата, развојот на винарството и винскиот туризам во нашата држава, како и популаризирање на македонските вина во Европа и во светот.

На јубилејната прослава што се одржа оваа година, присуствуваа Архиепископот Македонски и Охридски господин господин Стефан и Ректорот на Европскиот Форум и претставник на Сенатот од Ајзенштад, Сенаторот Проконзул Томислав Ковачич.

Вториот Проконзул на винските витези во Македонија, Димитар Бозаџиев ги поздрави сите присутни гости и им посака оваа мисија да продолжи со истиот ентузијазам и посветеност, со цел уште поголемо унапредување на нејзините постулати.

По повод 20 години од почетоците на витешкиот вински ред во Македонија, се доделија и благодарници, како на основачите така и на оние кои го поддржаа нивното дејствување.

Со убедување дека заедништвото и континуитетот ќе ја зајакнат организацијата, а новите членови ќе донесат и нови визии за натамошно дејствување и развој на винската култура во Македонија, винските витези посакаа добро здравје и што повеќе мигови со добро вино.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: