208 книги и 40 боенки за Детска онкологија: Родителите и наставничката од градинката „Детска радост“ со хуманитарна акција по повод Светскито ден на децата со малигни заболувања

208 книги и 40 боенки за Детска онкологија: Родителите и наставничката од градинката „Детска радост“ со хуманитарна акција по повод Светскито ден на децата со малигни заболувања

Објавена во: Совети // School zone

Пример за идните генерации...

Веќе неколку години по ред, наставничката Наташа Поповска од детската градинка „Детска радост“, објект „Темјанушка“, заедно со родителите на дечињата за Нова година организира хуманитарни акции. И оваа година не беше ништо поразлично. Тие организираа успешна новогодишна акција, а воедно и ја реализираа својата цел - им ги разубавија празниците на неколку дечиња од социјално загрозени семејства.

Сега, повторно со здружени сили организираа уште една акција. По повод Светскиот ден на децата со малигни заболувања добираа 208 книги и 40 боенки на Детска онкологија.

Оваа акција ја спроведоа родителите од групата „Пирати“, така што ја одиграа претставата „Волкот и трите прасиња“, а која им помогна да ги соберат средствата.

Освен за да помогнат онаму каде што е најпотребно, целта на овие акции е да им дадат пример на идните генерации. 


И.М.

фото: Принтскрин / Фесјбук

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: