24 години љубов и разбирање: Родителите на Лина Пејовска прославија годишнина од брак - пејачката им честиташе со емотивна порака
Една од ретките која не се двоуми и сподели детали од приватниот живот...
Младата пејачка Лина Пејовска е една од оние познати ѕвезди кои не се трудат да го сокријат приватниот живот. На своите социјални мрежи често споделува фотографии од своето семејство, семејните настани, родендените и прославите на членовите на семејството, фотографии и видеа од дружбите со пријателите...
Сега, го направи истото и сподели неколку фотографии и тоа со голем повод. Имено, нејзините родители вчера прославија годишнина од бракот, па по тој повод и 20-годишната пејачка се огласи на социјалните мрежи:
„Среќна годишнина најмили мои. 24 години љубов и разбирање. Ве сакам“ - напиша Лина покрај фотографија на која позира со нејзината сестра Христина, татко ѝ Ефто и мајка ѝ Тереза.
Но, пејачката им посвети уште една објава - сподели и фотка на која нејзините родители дуваат свеќички на торта со бројот 24, како симбол на нивната годишнина.
Дека во нивниот дом секогаш владее позитивна и весела атмосфера, говори и видеото во кое го „ископираа“ евровизискиот настапот на Констракта, во кој нејзиниот татко ја имаше главната улога.
фото: Принтскрин / Инстаграм