Во домот на Лина хит е евровиската песна на Србија: Семејството Пејовски со своја верзија на „In Corpore Sano“? (ВИДЕО)
Откако на почетокот на месецот, поточно на 5 март, Србија го избра својот претставник за Евровизија, медиумите не престануваат да пишуваат за „здравата уметница“ Констракта и нејзината песна „In Corpore Sano“. Овој нов актуелен хит во кој се пее за „здравата коса на Меган Маркл“, се слуша во училиштата, градинките, во автомобилите, на забави, но и во домот на младата пејачка Лина Пејовска.
Имено, таа заедно со своето семејство го ископира настапот на Ана Ѓуриќ. Главната улога ја има нејзиниот татко, додека Лина, заедно со нејзината мајка и сестра се околу него. Видеото го сподели на ТикТок со описот: „Семејството Пејовски на Евровизија 2023“.
@linapejovska Pejovski family on eurovision 2023?
original sound - Lina Pejovska
Видеото досега има собрано скоро 8.000 лајкови и повеќе од 130.000 прегледи. Во коментари целото семејство доби поддршка, а следбениците на Лина имаа само пофални зборови за оваа нивна изведба.