4 совршени одговори на прашањето „Зошто немаш момче?“
За време на дружењето со семејството најчесто доаѓаат и многу незгодни прашања. Семејството сигурно ќе те „напне“ со прашања за твојот љубовен живот, особено ако семејниот собир се појавиш сама. Секако, тие прашања не можеш да ги одбегнеш, затоа најдобро е да бидеш подготвена. Доколку некој те праша „Зошто немаш момче?“ , PopSugar ти открива како да одговориш на ова непријатно прашање.
# Биди саркастична – искористи го познатиот цитат од дневникот на Бриџит Џонс: „Мислам дека не помага тоа што под облеката цело тело ми е покриено со школки“.
# Изненади ги – дури и да не ги сакаш љубовните совети од твојата тетка, ако ја прашаш за совет ќе го тргнеш вниманието од себе.
# Глуми жртва – воздивни, погледни тажно во далечина и кажи „И јас се прашувам“...
# Доколку се пропадне, биди искрена – ако едноставно немаш време да измислуваш одговори, едноставно кажи си искрено – фокусирана сум на училиштето, сакам да сум сама, уживам во дружењето со пријателките и сл.