4 знаци дека Селена Гомез работи на нови песни!

4 знаци дека Селена Гомез работи на нови песни!

Објавена во: Stars // Музика

Веќе некое време, Селена Гомез ни дава сигнали дека наскоро би можело да објави нови песни и така да ги израдува своите фанови, по долгата пауза.

Како го заклучивме тоа, дознајте во продолжение!

# Гостува на други албуми – по песната „Taki taki“, Селена се појави и во песна на Џули Мајкалс во синглот „Anxiety“. Изгледа дека вака ги загрева своите гласни жици.

# Очигледен доказ – Селена на Инстаграм неодамна објави ВИДЕО во кое се гледа дека е во студио, зад микрофонот.

# „13 reason why“  - не само што е продуцент, Селена ја отпеа и песната за најавната шпица на секоја сезона од оваа серија. Не се знае датумот на објавување на третата сезона, но нема да се зачуди доколку повторно го слушнеме нејзиниот глас во најавната шпица.

# Албумот е веќе завршен – Селена отворено зборуваше за својот трет албум во медиумите во август минатата година. Тогаш призна дека албумот е веќе подготвен, а кога ќе биде вистинското време за да го објави останува да видиме.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: