Најчестите лоши соништа и нивното значење

Најчестите лоши соништа и нивното значење

Објавена во: Совети // Семејство

Секој човек барем неколку пати во текот на животот се разбудил среде ноќ преплашен и препотен од некој лош сон. Не постои некој кој ужива во лошите соништа, но за жал тие се нешто кое што не можеме да го избегнеме. Постојат соништа кои се повторуваат, соништа кои и покрај тоа што сме се разбудиле и сме ги прекинале сепак продолжуваат во моментот кога ќе заспиеме повторно и соништа на кои воопшто не се сеќаваме. Во продолжение ви ги претставуваме најчесто сонуваните соништа кои се навидум страшни, но откако ќе ги прочитате нивните значења ќе сфатите дека всушност нема потреба од страв.

ПАД ВО ДЛАБОЧИНА ИЛИ ПАД ОД ГОЛЕМА ВИСОЧИНА

Паѓањето всушност значи несигурност, односно недостаток на поддршка. Нашите баби честопати знаат да го протолкуваат тоа како раст и развој, па знаат и да ни речат: „Не грижи се, само растеш!“ Овој сон најчесто се појавува кога имаме многу обврски.

ПАЃАЊЕ ИЛИ КРШЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

Паѓањето на забите на сон неретко се поврзува со смрт, и да колку и да е чудно, сепак дури и во тинејџерските години се јавува страв од староста и смртта.

ПОВИК КОН НЕКОЈ, НО БЕЗ ОДГОВОР

Овој сон се толкува на два начина. Првото значење е дека си загрижен што не можеш да допреш до личноста која ја сакаш и ти е посебно важна, додека пак второто значење е дека стравуваш од влошување на односот со личноста која ја бараш.

РЕШАВАШ ТЕСТ, А НЕ ЗНАЕШ НИШТО

Најчесто се појавува кај ученици кои се плашат од неуспех. Ученици кои имаат перманентно висок, училишен успех и стравуваат да не го расипат.

ЗАРОБЕН СИ ИЛИ ИЗГУБЕН

Најчестата појава на овој сон е во моменти кога не гледаме излез од одредена ситуација или пак веќе сме ги дале сите напори и сме ги искористиле сите ресурси за да го постигнеме посакуваното.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: