5 празнични „make up“ изгледи кои мораш да ги пробаш на себе!
Доаѓа времето на празничните забави и новогодишните прослави и сигурни сме дека сакаш да заблескаш на секој од тие настани, а ова се неколку идеи како да го направиш тоа.
Како што пишува Bustle, ова се 5 совршени „make up“ предолози кои мораш да ги пробаш за време на овие празници доколку сакаш да ги воодушевиш пријателите и следбениците на социјалните мрежи.
# Леден поглед – овој „make up“ подразбира „Smokey eyes“ во комбинација на црна боја на рабовите на капаците, која кон внатрешноста преминува во сребрена. Вака нагласените очи се дефиниција за снежен изглед.
# Шампањ „make up“ – и овде станува збор за „Smokey eyes“ нагласување на очите, но разликата е во пудресто – златната сенка која се нанесува на рабовите на капаците. Исто така, усните се нешто понагласени отколку во претходниот изглед и тоа со темно црвен мат кармин.
# Glitter glamur – кај овој изглед усните се нагласени со црвен кармин, додека капаците се потполно и еднолично исполнети со сребрена сенка. Важна улога кај овој изглед имаат екстензиите на трепките кои ја зголемивуваат драматичноста.
# Изглед „топло чоколадо“ – доколку Нова година ќе ја дочекаш во празничниот и топол дом и во удобна облека, те советуваме да го искористиш овој нежен исглед со топли бои, поточно портокалова сенка на очите и кафенкаст кармин.
# Зелени „Smokey eyes“ – доколку мислевте дека момците не можат добро да се нашминкаат како девојките, овој туторијал ќе ви го смени мислењето. Овој тип на шминка ќе биде идеален за новогодишната ноќ доколку се одлучиш за нешто подраматичен изглед.