5 работи кои влијаат на тоа кога ќе ја запознаеш сродната душа!
Сите ние фантазираме за совршената личност за нас, која ќе ни го направи животот поубав, но кога и каде ќе ја сретнеме, не можеме да знаеме...
Сепак, како што пишува Bustle, овие пет причини може да влијаат на тоа дали ќе ја запознаеме сродната душа или не за брзо време!
# Самоуверен/а си и задоволен/задоволна од својот живот – свесни сте за своите квалитети, се сакате и цените себе, но и луѓето околу вас. Уживање е да се биде во ваше присуство и точно знаете колку сте подготвени да вложите во врската и што сакате од партнерот/партнерката.
# Живеете во голем град со безброј можности и многу луѓе – уште денес може да запознаеш некој, кој претходно го немаш видено, а те привлекол на прва.
# Имаш слободен ум – не се створил/а слика во својата глава на „господин совршен или госпоѓа совршена“, кој/а мора да одговора на одредени психички и физички карактеристики. Подготвен/а си да запознаваш различни типови на луѓе и немаш предрасуди кон никој.
# Окружен/а си со вистински пријатели – дури подолго време да си сингл, тоа нема да ти биде оптеретување, бидејќи луѓето со кои поминуваш најмногу време се твои вистински пријатели. Тоа те прави емоционална стабилна личност која добро ги разбира меѓучовечките односи.
# Не си преоптеретен/преоптеретена со обврски – супер е доколку си посветен/а на учењето или работата, но доколку друштвениот живот го ставаш на „стенд бај“ тешко дека ќе ја запознаеш сродната душа. Партнерите се запознаваат во слободното време кога си опуштен/а и подготвен/а за дружење.