5 типови на момци во кои е подобро да не се вљубувате: Избегнувајте ги што е можно повеќе за да не се „изгорите“
Особено ако барате сериозна врска.
Тој само ќе ви го потроши времето и ќе ви го скрши срцето. Со нив тешко дека вашата врска некогаш ќе биде сериозна и ќе трае. Ако барате сериозна врска, тогаш подобро избегнувајте вакви типови на луѓе.
Доколку барате лежерна врска и некој со кој ќе се дружите и забавувате, без да очекувате дека таа врска има иднина, тогаш овие типови на момци ќе ви бидат во ред. Меѓутоа, ако барате нешто посериозно и сакате врската да оди во одреден правец, тогаш тоа нема да биде можно тоа да го реализирате со овие луѓе. Ќе трошите време и нерви и нема да има никаков напредок. Тие не се за сериозни врски, секој од нив поради свои причини. Некои се уште се премногу детинести, некои се плашат од врски и приврзаност кон една личност, а некои едноставно не знаат што сакаат. Кога ќе налетате на момче кое припаѓа на еден од овие 5 типови на личност, само свртете се и заминете во спротивна насока.
1. Зависен од туѓите мислења
Мислењата на другите луѓе му се секогаш најважни - оние на неговите пријатели, другите луѓе што ги познава и оние што не ги познава. Многу им е важно како другите ги доживуваат. Тоа се луѓето кои многу страдаат од тоа што другите ќе кажат за секој нивен потег и секоја одлука што ќе ја донесат. Сакаат да им се допаднат на сите и да живеат за одобрување на другите. Во таква врска нема да бидете вие двајца, туку вие двајца и остатокот од светот. Тие се уште се премногу недозреани за посериозна врска. Премногу се грижат за мислењата на луѓето кои не се важни.
2. Оние кои отворено кажуваат дека не сакаат сериозна врска
Ако некој отворено ви каже дека не сака сериозна врска, немојте да мислите дека вие ќе го промените и ќе го натерате да се предомисли. Да, може да се случи, но шансите не се големи. Поголеми се шансите да поминете време надевајќи се на нешто што никогаш нема да се случи - и да завршите со скршено срце. Кога отворено ќе ви каже дека сака лежерна врска, тогаш не очекувајте ништо друго.
3. Оној кој е „близок пријател“ со секоја девојка
Кога има премногу „блиски пријателки“, тоа може да биде малку сомнително и со добра причина. Не велиме дека машко-женските пријателства не постојат и се проблематични. Не секогаш. Но, ако секогаш ви спомнува некои пријатели и девојки кои ги познава, со кои се слуша и гледа, но не ни сака да ве запознае со некоја од нив, тогаш ова е знак за предупредување. Кога станува збор за вистинските пријатели, тие ќе ве запознаат со нив, но кога се девојки кои се можеби повеќе од обични пријатели, тогаш нема. Дали сака да ве запознае со нив или не, ќе знаете веднаш.
4. Вљубен во себе
Неговиот изглед за него е сè на светот, а тој за себе е сè на светот. Секогаш си ја средува косата, поминува малку премногу време пред огледало, му треба подолго време од тебе за да се подготвиш за нешто, неговите потреби секогаш се пред туѓите, се мора да биде по него... Во ред е некој да водете сметка за нивниот изглед, но јасно ќе видите кога тоа е опсесија. Нивната единствена сериозна врска е онаа што ја има со себе. Нема место за тебе, или барем никогаш нема да му дојдеш на прво место на таков човек.
5. Г-дин за кого ништо никогаш не е доволно добро
Негативните луѓе ќе ја исцицаат сета позитивна и добра енергија што ја имате. Сега замислете како е кога сте во врска со некој таков. Ова е личноста за која никогаш ништо не е доволно добро, која секогаш ќе најде за што да се пожали и која секоја тема на разговор ќе ја сврти кон нешто негативно. Се чини дека таквите луѓе немаат зрно оптимизам во себе. Истото ќе важи и за врската и за вас. Не сме сите секогаш позитивни, но врската треба да биде нешто убаво што ќе ве направи среќни, а ваквата работа само ќе ве стресе. Или ќе се чувствуваш мизерно во негово друштво или ќе го оставиш.
Фото:freepik