6 грешки кои ги правиме при употреба на антибактериски влажни марамчиња

6 грешки кои ги правиме при употреба на антибактериски влажни марамчиња

6 неправилни намени што можат да го загрозуваат здравјето

Влажните антибактериски марамчиња се дефинитивно корисни во оваа тешка ситуација кога дезинфекциите се дефицитарни. Со нив можете да исчистите различни површини, како и вашата кожа. Сепак, нивата неправилна намена може да доведе до некои проблеми.
Кои се грешките што можат да се направат со употреба на антибактериски влажни марамчиња?

Ги користите повеќе од еднаш
Ако сте избришале валкана површина со една антибактериска влажна крпа, но сепак е натопена со детергент и ви е тешко да ја исфрлите, одлучите да ја користите за да избришете нешто друго, ова е огромна грешка затоа што ова е како да ја чистите едната површина а ја загадувате следната површина што ќе ја бришете. Марамчиња за еднократна употреба се токму тоа - за еднократна употреба и не треба да се користат за чистење на повеќе од една површина, особено ако е потенцијално загадена со опасен агенс, како што се вируси и бактерии.

Не ја читате етикетата/декларацијата
Етикетите се корисна работа. Тие опишуваат точно што содржат крпите, за какви површини се погодни, а особено дали се опасни за кожата или дали се наменети за кожа. Покрај тоа, постои запишан и рок на траење, како и за секој производ. Прочитајте ги етикетите затоа што ќе ве известат дали марамчињата ќе бидат соодветни за чистење и дезинфекција или едноставно ќе се преправате дека сте исчистиле.

Влажни марамчиња фрлате во тоалетната школка
Една огромна грешка е фрлање на влажни антибактериски марамчиња во тоалетот. Тие не се направени од хартија. Целулозата се раствора во вода, но не и текстилот од кој се направени влажните марамчиња. Нивното фрлање во тоалетната школка не само што ќе го заглави, туку ќе предизвика и загадување на животната средина.

Го чистите телефонот со марамчиња
Антибактериски крпи може да се користат на многу површини, но не и на телефони. Тие можат да ги оштетат. Обично, овие крпи се погодни за употреба на тастатури, монитори и лаптопи, но телефонските дисплеи не се меѓу нив. Користете ги само на не стаклени површини на телефонот. Хемикалиите во крпите можат да ја оштетат површината на стаклото на екранот, со што полесно се гребеат и оставаат отпечатоци во употреба.

Ги користите на дрво
Антибактериски крпи кои не се специјално дизајнирани за дрво, не можат да се применат на тоа. Тие можат да го оштетат. Дрвото лесно ја апсорбира течноста со која е натопена и хемикалиите го оштетуваат.

Ги користите за чистење играчки
Хемикалиите во влажни антибактериски марамчиња кои не се конкретно за бебиња (кои содржат претежно чиста вода) може да бидат опасни за деца кои играат и ставаат играчки во уста. Препорачливо е да се мијат или исплакнат, така што да нема опасни хемикалии на нив. 

Може да ве интересира:

Дали користите влажни марамчиња? Престани одма!

Можеби ќе ве интересира: