6 причини зошто е подобро да НЕ си кул на училиште!

6 причини зошто е подобро да НЕ си кул на училиште!

Објавена во: Совети // School zone

Знаеме дека сите сакате да бидете дел од „популарните“ на училиште, мислите дека тие се практично богови и можат да направат сѐ, но еве 6 причини зошто е подобро да не сте дел од таа екипа.

#1 Популарноста на училиште не е поврзана со работата

Нема некој предуслов дека популарните се вработуваат побрзо. Според едно истражување популарноста на училиште нема никакво влијание врз успехот во животот.

#2 Со тек на време станува потешко да се биде кул

Истражувањата покажуваат дека популарните деца во школо се стекнуваат со некои лоши навики и често дури и си го загрозуваат животот само за да останат кул.

#3 Популарните потешко продолжуваат понатаму во животот

Ова се случува бидејќи тие живеат неколку години на старата слава и потоа им е многу потешко да стекнат работна навика, затоа тие често стануваат бунтовници.

#4 Тие често стануваат анксиозни и депресивни во дваесеттите години

Според едно истражување, една од причините за анксиозноста и депресијата во дваесеттите години е негативното влијание на популарноста од средно.

#5 Во животот подобро поминуваат тие кои ја губат невиноста покасно

Едно истражување во Тексас покажало дека оние кои ја изгубиле невиноста подоцна во животот (на пр. на 19 г) стигнале подалеку во своето образование, заработуваат повеќе и општо се позадоволни од животот.

#6 Реално, никој не се замара за твоето однесување (освен родителите)

Да, може ви звучи чудно, но на другите луѓе не им е баш гајле за вашето однесување. Светот не се врти околу вас, а не се врти ни околу популарните деца, иако тие живеат во заблуда.


Кике Цветче

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: