8 документарци што треба да ги гледате по „Бекам“: Еве список со интригантни приказни за познатите личности

8 документарци што треба да ги гледате по „Бекам“: Еве список со интригантни приказни за познатите личности

Објавена во: Stars // Филм

Ја завршивте документарната серија за Бекам и сега сакате поинтересни приказни за познатите? Проверете ја нашата листа!

Го изгледавте документарецот за Бекам во една ноќ и сега барате поинтересни приказни за познатите ѕвезди? Проверете ја нашата листа!

The Last Dance (2020)


Дури и за оние кои не се љубители на кошарката, документарен серијал како овој за Мајкл Џордан ќе биде вистинска инспирација. Од страна, тој се искачи на височините, станувајќи пример за генерации како еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Мини-серијата не само што се осврнува на неговиот подем, туку и на клучната НБА сезона 1997-1998 година, со неверојатни архивски снимки.

Arnold (2023)


Го следи животот на Арнолд Шварценегер, од бодибилдинг до успех во Холивуд, фрлајќи светлина на помалку познатите моменти од неговиот семеен живот, од радост до нестабилност и предизвик.

Pamela, a Love Story (2023)


По децении превирања, секогаш шармантната икона на поп културата Памела Андерсон размислува за главниот предизвик во нејзината кариера кога гласот ѝ бил одземен. Документарецот е продуциран од нејзиниот син Брендон Томас Ли, а вклучува и досега невидени снимки, како и лични записи во дневник од пред неколку години.

Halftime (2022)


Следејќи го животот и кариерата на Џенифер Лопез, „Halftime“ е интимен портрет на суперѕвездата, снимен пред нејзиниот легендарен настап на „Super Bowl“. Со своите обожаватели, латино дивата споделува важни лекции и совети за патот до успехот, надминувајќи ги сите очекувања на јавноста.

Depp vs Heard (2023)


Прикажувајќи ги двете сведоштва паралелно, оваа серија од три дела на Нетфликс го истражува едно од најгледаните судења во светот - меѓу Џони Деп и Амбер Херд. Режија на Ема Купер и номиниран за БАФТА и Еми награди.

Dear Mama (2022)


Именуван по песната на 2-Pac во која тој го опишува своето сиромашно детство и растењето со мајка која страда од зависност, овој документарец ја следи нивната тешка, но трогателна врска. Во него се појавуваат Снуп Дог, Др. Дре, Мајк Тајсон и Џамал ​​Џозеф, а исто така има и досега невидени аудио и видео снимки.

Harry and Meghan (2022)


Од средбата и првите месеци од нивната врска, до нивното напуштање на кралскиот живот, во овој документарен филм, Хари и Меган ја носат својата перспектива на контроверзните настани кои се во центарот со години. Дефинитивно документарен филм кој многумина го чекаа, но и кој разочара многумина.

Kim vs Kanye: The Divorce


Деновиве градовите се окупирани со реклами за новата мини-серија на HBO, која носи внатрешни информации за разводот на славниот пар, а тоа од нивните адвокати и блиски пријатели.


Извор: glossy.rs

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: