8 најмлади актери кои беа номинирани и добија Оскари
Секогаш кога ќе се споменат Оскарите, секогаш асоцијација за нив ни се оние повозрасни и поискусни актери, кои добиваат номинации и награди за успешната работа. Но, во историјата на оваа реномирана филмска манифестација се појавуваат и многу млади актери кои никако не смеат да останат игнорирани.
Во продолжение е листата на најмладите номинирани актери, како и добитници на Оскари во актерските категории.
# Адриен Броди - „The Pianist“
Адриен Броди е најмладиот актер кој дома го однесе Оскарот за најдобар актер во 2020 година, за улогата во филмот за холокаустот „The Pianist“ на Роман Полански. Тенденцијата на Академијата да ги почитува повозрасните актери во категориите за машка глума, таа година беше прекината. Критичарите напишаа многу пофалби за овој филм и истиот го сметаа за еден од најголемите лични успеси на Полански, бидејќи во истиот ги покажа своите искуства од холокаустот преку фигурата на полско - еврејскиот композитор и пијанист на класична музика, Вадидислав Шпилман. Поради потребите за улогата, Броди доби предизвик да научи да свири пијано и да ја намали телесната тежина.
# Џеки Купер - „Skippy“
За овој филм од 1931 година кој ја раскажува приказната за неколку деца кои се обидоа да спасат куче, Џеки Купер стана најмладиот номиниран во категоријата Најдобар актер на 9 - годишна возраст. Тој го држи рекордот оттогаш, цели 84 години. Филмот го следи ликот на Скипи, кој го глуми Купер и се заснова на комичниот стрип со истото име од Перси Крозби. Следниот најмлад актер кој е номиниран за Оскар е цели 10 години постар од Купер. Мики Руни беше номиниран на 19 - годишна возраст за улогата во „Babes in Arms“.
# Марли Матлин - „Children of a Lesser God“
Марли Матлин направи историја на повеќе начини, кога го однесе дома својот Оскар за најдобра актерка во 1986 година. Таа не беше само најмлада добитничка на оваа престижна награда со 21 година, туку и единствениот глув актер што некогаш освои награда од Академијата. Во „Children of a Lesser God“, Матлин игра глув чувар во училиште за глуви, која се вљубува во тамошниот учител. Како што се развива нивната врска, учителот инсистира таа да научи да зборува, наместо да користи знаковен јазин, а сето ова станува главен извор на раздор помеѓу нив. Матлин исто така ја доби награда Златен глобус и четири номинации на Еми наградите за нејзината работа за време на актерската кариера.
# Куавенжане Волис - „Beasts of the Southern Wild“
Куавенжане Волис стана најмладата номинирана актерка досега во категоријата Најдобра актерка на 9 - годишна возраст, за улогата како силната млада преживеана Катрина во филмот „Beasts of the Southern Wild“. Нејзината номинација ја направи и првото Афроамериканско дете кое заработи номинација за Оскар, како и прва личност родена во 21 век на која и успеало тоа. Таа имаше само 6 години кога се снимаше филмот и лажеше за нејзината возраст кога се појави на аудицијата за улогата, бидејќи таа тогаш имала 5 години, а требало да има 6. Оваа информација е според интервјуто кое Роџер Еберт го направил со актерката. Режисерот на филмот, Бен Зејтлин беше имресиониран од Волис што го промени сценариото за подобро да и одговора. Оние кои го имаат погледнато филмот ја обожаваа нејзината глума.
# Тимоти Хатон - „Ordinary People“
Филмот „Ordinary People“ беше режисерско деби на Роберт Редфорд, кој освои 4 награди од Академијата, вклучувајќи го и перформансот на Тимоти Хатон, што го направи најмладиот добитник на 20 години за Најдобра споредна машка улога. Филмот е за семејство од средната класа, обидувајќи се да се врати во нормален живот по смртта на еден од нивните синови и обидот за самоубиство на другиот, кој го глумеше Хатон. Неговиот лик е трауматизиран, бидејќи ја преживеал несреќата за време на пловидбата, во која загинал неговиот брат. Хатон веќе 34 години го држи рекордот за најмлад добитник на Оскар за Најдобра споредна улога. Тој го сруши рекордот на Џорџ Чакирис, кој победи на 27 - годишна возраст за неговата улога во „West Side Story“.
# Џастин Хенри - „Kramer vs. Kramer“
Најмлад номиниран актер во било која актерска категорија е Џастин Хенри, а неговата номинација за Најдобра споредна машка улога ја заработи за неговиот настап во „Kramer vs. Kramer“ на 8 - годишна возраст. Хенри е единствениот актер што некогаш бил номиниран за награда од Академијата во истата деценија кога се родил. Во филмот Дастин Хофман и Мерил Стрип глумат брачна двојка која поминува низ развод, а темата е како разводот влијае на луѓето околу нив, вклучувајќи го и нивниот млад син кој го глуми Хенри, на кој во овој филм му беше првата филмска улога. Стрип и Хофман заработија Оскари за нивната глума.
# Татум О'Нил - „Paper Moon“
Татум О'Нил е најмладиот добитник на Оскар во која било категорија за нејзината победа во категоријата Најдобра споредна женска улога на 10 години. Оваа награда ја доби за филмот „Paper Moon“ во кој глумеше заедно со нејзиниот татко Рајан О'Нил. Филмот следи еден уметник, кој го глуми Рајан, кој запознава едно младо девојче на погребот на жената со која некогаш имал врска. Се шпекулираше дека девојчето е негова ќерка и на тој начин му е дадена задача да го однесе сирачето во куќата на нејзината тетка. Сите настани се случуваат за време на нивното заедничко патување. Татум го задржа овој рекорд цела 41 година како најмлад добитник на Оскар.
# Мери Бадам - „To Kill a Mockingbird“
Уште една најмладата номинирана за Оскар е Мери Бадам, за нејзината улога на Скаут, хероината на „To Kill a Mockingbird“. Бадам, исто така, имаше 10 години кога ја доби оваа номинација, но беше постара од О'Нил 35 дена. Филмската адаптација на класичниот роман на Харпер Ли е скоро исто толку обожувана како и книгата. Многумина беа изненадени кога дознаа дека Бадам ќе го загуби Оскарот. Овој филм се смета за еден од најголемите филмови на сите времиња и Грегори Пек освои Оскар за неговиот исконски настап како Атикус Динч. Бадам не продолжи да глуми во повозрасните години, но повремено даваше интервјуа за своето искуство во правењето на филм.