9 вистини и митови за фиксните протези
Кога ќе слушнат дека треба да носат фиксни протези и на децата и на возрасните им се темни пред очи.
На никој не му е драго да слушне дека ќе мора да живее со некое страно тело во устата, а покрај неудобноста и стравот се јавуваат и вообичаените прашања: Како ќе изгледам?, Колку долго ќе треба да ги носам?, Морам ли да внимавам што јадам и пијам?, Боли ли процесот на ставање и носење на апаратчињата?.
За среќа, денешните протези повеќе не се толку непожелни како порано. Поудобни се за носење, а доколку имате стил може да бидат и одличен моден додаток.
Многумина не ја кријат насмевката позади металните жици, а ги носат (или ги носле) и многу познати личности.
За да се уверите дека фиксните протези не се страшни, ви ги набројуваме 9 - те најчести прашања за нив.
# Фиксните протези ги носат само деца и тинејџери
Не постои временска граница за овој тип на третман, затоа на сите им се препорачува да внимаваат на здравјето на своите заби и нивната корекција, но секогаш е потребно да се внимава на советите на ортодонтот за да се избегне непосакуван ефект.
# Просечниот третман трае две години
Обично ортодонскиот третман трае од две до три години, но траењето на третманот најмногу зависи од тоа колку строго се придржуваш на упатствата кои ти ги има дадено ортодонтот.
# Процесот на ставање и вадење на протезите боли
Овој процес воопшто не предизвикува болка, туку е неудобен. Ставањето на протезите не боли, но трае околу час и половина и по истиот во устата се јавува необичен вкус на метал, како што се јавува и чувството на стегање.
# Сите може да носат невидлива протеза
Денталната медицина напредува од ден на ден, што дава нови можности за пациентите и предизвици за стоматолозите. Имено, една од најпопуларните методи која се користи е лингвалниот метод кој овозможува ставање на протеза од внатрешната страна на забите. Иако оваа протеза делува како идеално решение, таа не е тоа, зошто може да ги исправи само предните 6 заби.
# Жицата се менува на секој преглед
За протезата да има најдобро влијание во исправувањето на забите потребно е редовно прилагодување, што значи дека е потребно периодично затегнување на забите (редовна посета на ортодонтот).
Жицата не треба да се менува освен доколку не дојде до проблем како што е пукањето или отежнувањето на апаратчето, а прегледните се потребни за ортодонтот да провери како се поместуваат забите и да процени дали се потребни некои промени.
# Детекторите за метал ќе реагираат на протезите
Кај многу луѓе кои носат протези постои страв дека детекторите за метал ќе реаираат на нивната протеза и дека ќе завршат во посебна просторија за проверки. Тоа нема да се случи, зошто детекторите нема да ги регистрираат вашите протези.
# Храната се лепи и пика во протезата
Поставувањето на фиксната протеза значи и довидување на некои вкусни продукти. За време на оваа ортодонска терапија на пример ќе треба да ги заборавите карамелите, а исто така и тврдата храна.
# Тешко е да се одржува хигиена со протези
Денталната хигиена е многу важна кога носите протези. За среќа, четкањето на заби не е потешко кога ги имате. Единствена разлика е во тоа што често треба да ја менувате четкичката, бидејќи брзо се оштетува. Чистењето со конец бара повеќе заложување и мирна рака.
# Бакнувањето со протези создава проблеми
Модерните протези се мали и изедначени, па гарантираат дека нема да ви пречат во активностите од секојдневниот живот, како што се бакнувањето, гризењето или нешто друго.