Ѕирнете во луксузниот дом на Џастин Бибер и Хајли Болдвин

Ѕирнете во луксузниот дом на Џастин Бибер и Хајли Болдвин

Објавена во: Stars // Музика

Џастин Бибер во западен Холивуд изнајмува вила која одзема здив.

Мегапопуларниот пејач и автор има одличен вкус кога станува збор за изборот на куќи во кои се опушта и забавува.

Поп-ѕвездата минатата година се всели во раскошна вила која, верувале или не, е значително помала од онаа во која претходно живееше.

Со неговата голема љубов, манекенката Хајли Болдвин, имаат на располагање базен, тераса со стаклена градина, но и забавен парк со мини-кафуле.

Спалната соба нуди неверојатен поглед на Sunset Strip.

Двојката најмногу се релаксира гледајќи филмски класици во приватното кино со кожни плави седишта.

Како и многу славни личности, Бибер не ја купи оваа куќа, туку ја изнајмува.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: