“A1 Academy” со повик за пријавување на третиот модул – Дигитално претприемништво
А1 Македонија со задоволство го најавува специјалното издание на бесплатната академија за дигитални вештини, “A1 Academy” и од денеска до 05.05.2023г. ја отвора можноста за пријавување на третиот модул - Дититално претприемништво.
“Циклусот предавања за 2022/2023 година го зокружуваме со уште една атрактивна и модерна тема – Дигитално претприемништво.Големиот број апликации што пристигнуваат за пријавување на академијата ни покажуваат дека младите луѓе ја препознаа нашата намера да го споделиме знаењето и да помогнеме во градењето на успешни кариери во новото дигитално време. Горди сме на успешната реализација во првите два модула и сигурни сме дека и ова специјално издание ќе привлече голем интерес. Со овој повик ги охрабруваме сите млади на кои им е потребно детално познавање за Дигитално претприемништво, да се пријават и да ја искористат можноста за обликување на својата идна кариера”, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации.
Предавањата за Дигитално претприемништво официјално започнуваат на 10 мај и ќе бидатво времетраење од 3 дена, каде учесниците ќе се стекнат со претприемнички вештини, финансиска писменост за правење бизнис план, вештини за евалуација на идеја и за планирање на време и ресурси и ќе имаат можност да запознаат нови дигитални технологии. Учесниците по завршувањето на академијата добиваат сертификат за стекнатото знаење.
Овојпат освен предавачот на академијата кој е врвен експерт во својата област, предавањата ќе бидат збогатени со специјални гости-предавачи, кои на учесниците ќе го пренесат своето знаење со примери од практично искуство.
Можат да се пријават сите заинтересирани на возраст од 18 – 25г. со пополнување на апликацијата достапна на следниот линк. Селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите.
Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.
Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.
*ПР објава