
А1 Македонија лансира Школа за одговорни инфлуенсери: Прва онлајн платформа за поддршка на креаторите на содржини во Македонија
А1 Македонија со гордост го објавува официјалниот старт на иновативната платформа за едукација, А1 Школа за одговорни инфлуенсери, како дел од програмата #ПодобарОнлајн и дел од континуираната посветеност на промовирањето одговорно онлајн однесување.
Ова уникатно онлајн училиште е креирано со цел да ги унапреди знаењата и вештините на инфлуенсерите, креаторите на содржини и сите активни учесници на социјалните мрежи во поглед на етичкото и одговорно користење на дигиталните платформи. Иницијативата е насочена кон поддршка на сите што активно го обликуваат дигиталниот простор и влијаат врз современите трендови, поттикнувајќи ги да се грижат за позитивниот и одговорен развој на онлајн заедниците.
A1 Школата за одговорни инфлуенсери нуди содржини што ја обработуваат важноста на одговорното однесување во дигиталниот свет. Курсевите ги опфаќаат темите како што се препознавање несоодветни содржини, справување со онлајн булинг и изградба на позитивни онлајн перцепции.
Школата за одговорни инфлуенсери нуди пет обемни модули за едукација на инфлуенсерите со цел одговорно креирање и споделување содржини. Овие модули ќе ги водат учесниците низ различни аспекти на дигиталната етика и медиумската писменост, под водство на петмина врвни експерти во својата област. Публиката има можност да се запознае со значајни теми, како што се: разбирањето на медиумите од страна на децата и улогата на инфлуенсерите во нивниот развој; влијанието на дигиталниот маркетинг врз младите и пошироката публика; како медиумите влијаат врз децата и младите; дигитална добросостојба и создавање позитивни онлајн содржини; како да реагираме кога ќе ни се довери дете што е жртва на злоупотреба на интернет.
ПР објава