Ако го сакаш филмот „To All The Boys I've Loved Before“, тогаш оваа нова серија ќе те воодушеви (ВИДЕО)

Ако го сакаш филмот „To All The Boys I've Loved Before“, тогаш оваа нова серија ќе те воодушеви (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Нова серија за која мора да знаеш!

Филмскиот серијал „To All The Boys I've Loved Before“ го следевме неколку години, но сега кога заврши, бареме некои нови серии и филмови. И ова е една таква серија.

Не можеше да испадне подобро, токму пред летото и кога сите имаме повеќе време од вообично. Новата серија која ќе изгледаш во еден здив. Уште сега се покажа како нешто што ќе ги воодушеви сите љубители на филмот „To All The Boys I've  Loved Before“.

Првата и основна причина за тоа е дека серијата е снимена по книгата на Џени Хан, авторката која ги напиша и книгите за веќеспоменатиот филм. Серијата се вика „The Summer I Turned Pretty“ и е вистинска романтична тин драма.


Само што излезе првата сезона, а веќе постигна добри резултати, по кои најавија дека сигурно ќе има и втора сезона. Во фокусот на серијата е љубовниот триаголник помеѓу девојката Бели и двајцата браќа, кои инаку се апсолутно спротивност. Тоа е приказна за пријателството, вистинската љубов, скршеното срце и едно магично лето. Серијата има 7 епизоди, така што без проблем може да ја изгледате за еден викенд. Во главните улоги нема познати лица, сите актери се нови, но се одлични.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: