„Ако не се однесувам како војник, повторно ќе ме пратат во болница“: Прво огласување на Бртни по разводот
Во средата, на 16
август, Бритни Спирс и Сем Ашгари објавија дека се разведуваат по 14 месеци
брак. По долга судска битка со нејзиниот татко и луѓето кои го контролираа
нејзиниот приватен и професионален живот, пејачката веруваше дека запловила во
мирните води на животот.
Сепак, еден по објавувањето на разводот се шпекулираше за уцените на Агшари кој наводно барал пари од пејачката и за нејзиното наводно неверство, а сега Бритни за прв се огласи по развод.
"Како што сите знаат, Сем и јас повеќе не сме заедно. По шест години сум малку шокирана. Немам намера да ги објаснувам причините, а тоа не е ничија работа. Но, не можам повеќе да ја поднесам болката да бидам искрена, добив толку многу пораки од моите пријатели кои ми го стоплија срцето и ви благодарам. Долго време се обидувам да бидам силна. Би сакала да покажам емоции, солзи и како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морам да ги кријам моите слабости. Да не бев храбриот војник на татко ми, ќе бев испратена на места да ме „поправаат“ лекари. Но, тогаш моето семејство беше она што ми требаше најмногу. Треба да те сакаат безусловно, не со услови. Така ќе бидам силна и ќе дадам се од себе. Всушност, јас сум многу добро. Како и да е, на сите ви посакувам убав ден и не заборавајте да се насмеете“, напиша Бритни Спирс на Инстаграм покрај видеото на кое танцуваат во топ и неонски зелени гаќички.
Page Six во четвртокот ја објави веста дека Сем Ашгари бара од Бритни да му плати повеќе од предвиденото во предбрачниот договор, за возврат да не открива валкани приватни детали за неа и нејзините постапки. Неговите претставници за медиумите ја демантираа оваа приказна и рекоа дека парот спогодбено се разделил и дека Сем не ги сака парите.
Како се запознале Бритни и Сем?
Бритни Спирс и Сем Ашгари се запознале додека го снимале спотот за нејзината песна „Slumber Party“ во 2016 година. Тој имал само 23 години кога почнал да излегува со Спирс, а таа 36. Тој беше со неа во најтешките моменти, но голем број нејзини фанови со години се убедени дека намерите на Сем не беа искрени.
На почетокот на оваа година, се шпекулираше дека пејачката и нејзиниот сопруг не се во добри односи што произлезе од фактот дека Сем не носел бурма. Но, неговиот портпарол ги демантираше ваквите шпекулации, велејќи дека се е во ред во бракот на Спирс и Ашгари.
Фото: britny