Актери кои станаа популарни благодарение на улогите на Нетфликс: Претходно за нив немавме слушнато (ФОТО)
Поединци навистина доживеаја врв во своите кариери поради овие серии...
Денес најверојатно не постои личност која не слушнала за Нетфликс или која не изгледала барем една нивна серија. Благодарение на тоа, многу актери се прославија токму во тие серии и денес имаат милиони следбеници на Инстаграм!
Некои актери за првпат ги видовме во одредени серии на Нетфликс, додека за други знаевме и од порано, смао што можеби и не сме ги доживувале толку, бидејќи имале здодевни и споредни улоги. Многу од нив, токму во сериите на Нетфликс се покажаа во најдобро можно светло, а и поради тоа денес се многу популарни на Инстаграм, пишува „The Tab“. Но, овие актери навистина се издвоија од другите по популарноста и бројот на следбеници кои ги собраа во рекорден временски период и тоа веднаш по излегувањето на овие популарни серии.
# Лусиен Лависконт - „Emily In Paris“
Овој актер не почести со својата улога во втората сезона од серијата „Emily In Paris“. Доби огромна популарност во јануари оваа година, а истата уште повеќе ќе му се зголемува, бидејќи се очекува третата сезона од оваа серија, во која ќе дознаеме за кое момче ќе се одлучи Емили.
# Џонатан Бејли - „Bridgerton“
Џонатан стана популарен веднаш по првата сезона од оваа серија, а посебно по втората, која до неодамна беше многу популарна.
# Никола Кофлан - „Bridgerton“
Оваа актерка собра повеќе од 640.000 следбеници за само еден месец и тоа во моментот кога излезе првата сезона од „Bridgerton“. Но, според најавите, таа во третата сезона би требало да има една од главните улоги, па така тој број сигурно уште повеќе ќе расте.
# Мајтреј Рамакришнан - „Never Have I Ever“
Мајтреј, попозната како Деви од серијата „Never Have I Ever“ ги освои гледачите поради специфичноста на својот лик. Таа во серијата имаше главна улога, затоа и стана популарна актерка, која денес сите ја знаат.
# Дарен Барнет - „Never Have I Ever“
Уште еден актер од серијата „Never Have I Ever“, поради кој женскиот дел од публиката остана воодушевен. Тоа го докажуваат и бројките, бидејќи собра околу еден милион следбеници по првата сезона, а помеѓу нив најбројни се девојките.
# Феликс Малард - „Ginny and Georgia“
Феликс е уште еден освојувач на срца кај девојките, кој на сите им се допадна во првата сезона од серијата „Ginny and Georgia“. Многумина ја очекуваат втората сезона, само за да го видат во улогата на Маркус, а многумина пак мислат дека тој многу малку се појавувал во првата сезона.
# Ања Тејлор-Џој - „The Queen's Gambit“
Кога некој ќе ја спомене оваа актерка, на сите прва асоцијација им е нејзината улога во серијата „The Queen's Gambit“. Ања беше позната во светот на глумата и пред оваа серија, бидејќи имаше одлични улоги во неколку филмови, но најголема популарност доби по споменатата серија.
# Руди Панков - „Outer Banks“
Руди е познат по името Џеј-Џеј од серијата „Outer Banks“, по чија прва сезона го заследија скоро 2 милиони луѓе на неговиот Инстаграм профил.
# Лили Колинс - „Emily In Paris“
Без оглед на тоа што Емили, нејзиниот лик во серијата, нервираше многумина и поради тоа наиде на бројни критики, тоа ѝ донесе огромна популарност. Не мора ликот од серијата секогаш да им биде симпатичен на сите за да добие огромна популарност, а токму тоа го докажува Лили.
# Медлин Клајн - „Outer Banks“
Најмногу следбеници на Инстаграм од сите девојки доби токму Медлин, а позната е како Сара од серијата „Outer Banks“. За само еден месец, собра повеќе од 2.7 милиони следбеници.
фото: Принтскрин / Инстаграм