Актерката го бранеше Мика, Јована шокирана: Некој мора да застане во негова одбрана

Актерката го бранеше Мика, Јована шокирана: Некој мора да застане во негова одбрана

Објавена во: Живот // Живот

Предизвика бес кај присутните...

Гостинка на Јована Јоксимовиќ во емисијата „Уранак“ беше актерката Милена Павловиќ Шучиловиќ, која беше поканета да разговара за случајот кој во моментов го привлече вниманието на јавноста, а станува збор за случајот со Милена Радуловиќ, која го обвини нејзиниот поранешен професор Мирослав Мика Алексиќ за сексуално злоставување.

Актерката на самиот почеток на шоуто изјави дека била во училиштето на Мика, но дека во тоа време била многу нежна и несигурна и дека не и одговарал неговиот строг начин, поради што често го напуштала училиштето и се враќала, но тој немал проблемот да ја прими назад.

По ова кажа нешто што шокираше многумина, дека и самата била жртва, но жртва на мобинг од страна на своите колеги, кои сега како што таа вели се најгласни на социјалните мрежи, кога е во прашање овој случај.

„Јас знам некои луѓе кои на јавни места го поддржаа чекорот на Ива и Милена, што е навистина добро, но не треба тоа да се злоупотребува. Мислам дека ова се злоупотребува, отиде широко, луѓето отидоа предалеку, вниманието се одвлекува од некои важни работи“ - рече актерката.

„Не мислиш ли дека ова е важно?“ - праша водителката.

„Не мислам така, но вакви работи се користат за да се сокрие нешто друго“ - рече актерката.

„Мика беше суров. Една пријателка ме потсети дека тој еднаш побара од нас да ги соблечеме гаќичките и градникот во соблекувалната пред другите момчиња. Денес, некои луѓе го прават тоа, гардеробите се комплетно споени некогаш, сите се пресоблекуваат насекаде, но мислам дека тоа не беше случај таа година“ - актерката ја раскажа приказната што и ја раскажала пријателката, која исто така била дел од училиштето на Мика, но актерката не се сеќава на овој настани.

„Не би ја спуштила целата дамка на Мика Алексиќ, некој мора да застане во негова одбрана“ - рече Милена.

„Не те разбирам“ - рече Јована.

„Ние не сме тие што треба да судиме“ - рече Милена, а потоа во шоуто се приклучи и Момчило Оташевиќ, кој беше многу лут поради ова излагање.

Во продолжение погледенете ја целата расправа:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: