Актерот од серијата „Stranger Things“ уште во 2016 година случајно го откри крајот на 4-тата сезона

Актерот од серијата „Stranger Things“ уште во 2016 година случајно го откри крајот на 4-тата сезона

Објавена во: Stars // Филм

Текстот содржи спојлери...

Гатен Матарацо, кој во хит серијата на Нетфликс „Stranger Things“ го глуми Дастин, случајно откри клучен пресврт во четвртата сезона и тоа неколку години пред објавувањето.

Актерите од серијата во 2016 година гостуваа во една емисија, во која најмногу внимание посветија на првата сезона. Теоријата на обожавателите беше главна тема на тој разговор, а една од нив се реализираше во четвртата сезона.

Имено, Гејтен зборуваше за својата омилена теорија на обожавателите која ја видел на Интернет.

„Видов едно видео. Типот зборуваше дкеа поголемиот број лабораториски деца се мртви, освен Единаесет, значи од еден до десет, а другите се протерани во Upside Down. Не можеле да излезат“ - кажа Гатен.

„Тоа што толку долго биле во Upside Down, може да видите, влијаеше на Вила, влијаеше на сите. Се преобразија во она што беше чудовиште. Значи, чудовиштото е лабораториско дете“ - раскажа актерот.


Мили Боби Браун, која во серијата ја глуми Единаесет, по неговата изговорена реченица изненадно воздивна. Инаку, Upside Down во серијата е алтернативна димензија која постои паралелно со човечкиот свет.

На крајот, оваа теорија не е далеку од вистината. Обожавателите сега масовно го коментираат видеото од 2016 година и го нарекуваат Матарацо гениј.

„Обожавателот кој ја има смислено теоријата сега се смее“, „Авторите или ги препишале белешките или сето ова е само случајност“, „Реакцијата на Мили е иста како и мојата додека ја гледав епизодата“, „Немаше поима дека ќе го открие крајот на серијата“, „Откри сѐ“, „Творците ја искористија теоријата на обожавателот“ - се само некои од коментарите.

Инаку, четвртата сезона на серијата беше објавена на 27 мај со вкупно 7 епизоди, а на 1 јули ќе бидат објавени уште две финални епизоди под насловите „Papa“ и „The Piggyback“. Финалната епизода ќе трае два часа и 19 минути.

Првата сезона на оваа серија беше објавена во 2016 година, а го слуши рекордот на гледаност уште за време на првиот викенд од прикажувањето.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: