Актерот со скок од прозорецот успеал да се спаси од огнената стихија: Изгоре домот на Рио од „La Casa de Papel“ (ВИДЕО)

Актерот со скок од прозорецот успеал да се спаси од огнената стихија: Изгоре домот на Рио од „La Casa de Papel“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Мигел Херан, ѕвездата од серијата „La Casa de Papel“ се спасил од пожарот со скок од прозорецот на својот дом...

Актерот на Инстаграм објави видео од пламените кои му го голтаат станот, а за да се спаси, морал да скокне од прозорецот на спалната соба.

Имено, пожарот избувнал во неговата куќа во Авила, Шпанија и го уништил целиот негов стан. Шпанскиот актер, кој е најпознат по улогата на Рио во серијата на Нетфликс, на видеото плаче и извикува: „Не можам да верувам“.


Иако пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, Мигел откри дека голем дел од неговиот дом е уништен од пожарот, како и скоро сите негови лични работи.

Мигел за локалните медиуми кажа: „Пожарот почна додека спиев, а се разбудив од звукот додека гореше мојата куќа. Избегав низ прозорецот од својата соба“.

Авила е гранд кој се наоѓа северозападно од главниот град Мадрид, а оддалечен е околу 100 километри. Засега не е јасно што е причината за избувнување на пожарот во станот на младиот актер.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: