Александар Тарабунов- Тара реши да му зададе удар на коронавирусот со „Безвременска“
Ако е пандемија, не значи дека не треба да се создава музика, уметност која обединува.
Поп пејачот Александар Трабунов- Тара токму во време на коронавирус реши да направи потег и да објави песна и спот. Песната се вика „Безвременска“, а одлиниот видео запис е поткрепен со кадри во кои се појавува манекенката Сара Дамчевска.
Тарабунов партиципира комплетно во своето ново музичко парче како автор во соработка со Зоран Зонде Стојановски, познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови.