Америкаците за образованието: Настава на отворено- Македонија уште не знае

Америкаците за образованието: Настава на отворено- Македонија уште не знае

Објавена во: Совети // Семејство

Дебатата околу отворањето на училиштата продолжува да трае. Во училиштата што веќе се отворија, проблемите брзо се појавија – најмалку 2.400 ученици и наставници се ставени во карантин во шест земји. Но, во земји каде што наставата во живо не започнала – има и отпор.

 Д-р Ентони Фаучи, водечки американски епидемиолог, изјави дека „не е задоволен од развојот на ситуацијата“ и повторно предупреди дека безгрижното отворање може да има катастрофални последици.

Тој вели дека за да се отворат училиштата, „заедниците треба да ја одржат стапката на инфекција под 10%“, и дека мерењето на температурата не е сигурен начин за испитување.

Десетици родители и ученици во Пенсилванија се собраа пред локалната судница, апелирајќи до надлежните органи да ги отворат училиштата. „Сакам да бидам на училиште и да играм спорт со соодветни мерки за заштита“, рече Џереми Леман, кој игра лакрос за училишниот тим.

Во Калифорнија, едно училиште ги прекрши државните наредби и сепак ги отвори вратите на стотици ученици. „Тоа ќе поништи секаков потенцијален напредок што го направивме за да се запре вирусот“, рече Џесика Берген, застапник за настава преку Интернет.

Фаучи рече дека часовите треба да бидат што е можно поотворени, дека прозорците треба да бидат отворени во училишните автобуси и учениците треба да носат маски што е можно повеќе.

„Излегувајте колку што можете повеќе. Ако ги погледнеме митинзите каде имаше масовно ширење на вирусот, тие скоро секогаш беа во затворен простор“, рече тој, потсетувајќи се на жариштата на инфекција во пензионерските домови, магацините, затворите, како и свадбите и другите социјални настани.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: