Американка на Евровизија: Следната година Дав Камерон ќе ја претставува Унгарија?
Следното издание на Евровизија веќе се планира, со надеж дека дотогаш пандемијата на коронавирус ќе биде завршена. Она што го привлекува вниманието е неверојатната најава дека таму ќе се појави и американската актерка и пејачка Дав Камерон и тоа како претставник на Унгарија.
Ова теоретски е возможно, бидејќи во минатото се познати случаите кога разни уметници претставувале земји во кои што не биле државјани, а Селин Дион дури победи во 1988 година, претставувајќи ја Швајцарија, иако е Канаѓанка. Како што пренесува The Things, Дав веќе се согласила да ја претставува Унгарија. Иако таа овие денови го најавува својот музички „камбек“, мораме да останеме скептични кога станува збор за оваа вест, бидјеќи нема ниту еден официјален извор како доказ за такво нешто.
Сомнежот се зголемува и со тоа што во текстот се наведува дека Дав таму би можела да го пее својот сингл „Out of Touch“, но тоа е всушност невозможно! Имено, правилата на Евровизија се јасни, а тоа е дека изведувачите за Евровизија мора да снимаат нови песни, а не да ги користат своите стари кои веќе официјално ги објавиле. По ова делува дека личноста која го пишувала текстот е потполно несвесна што е Евровизија, бидејќи во текстот ова натпреварување е опишано како уште едно реално шоу, каде уметниците пеат и танцуваат пред судиите.
Инаку, добар дел од земјите веќе го потврдија своето учество за следната година, па дури и ги одредија своите претставици. Некои одлучија тоа да бдиат музичарите кои беа најавени за оваа година, а други ќе одберат сосема нови. Кога станува збор за нашата држава се уште не се знае кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2021. Наш овогодишен претставник требаше да биде Васил Гарванлиев.