Анастасија Гудељ бремена? Кумата не издржа и ја откри радосната вест
Бремена Анастасија Гудељ? Кумата ја откри радосната вест
Сите со голема возбуда ја чекаме веста дека Анастасија Гудељ е бремена, а се чини дека пејачката и нејзиниот сопруг вешто ја кријат убавата вест.
Пред неколку дена во семејството Ражнатовиќ пристигна и третото внуче кога сопругата на Вељко, Богдана се породи и го роди третиот син.
По тој повод во домот на Ражнатовиќ беше организирана гала прослава на која присуствуваше половина од естрадата, а меѓу гостите беше и кумата Вики Миљковиќ.
- Сè уште сум млада, мојот син има само 16 години. Ќе почекаме – рече Вики, а потоа додаде детаљ поради кој многумина помислија дека ќерката на Цеца е бремена.
- Ама еве овде кај кума ми секоја година по едно. Сега Анастасија, а потоа ќе одиме по ред - рече Миљковиќ збунувајќи многу фанови на семејството Ражнатовиќ.
Сè уште не знаеме дали Анастасија Гудељ е навистина бремена, но она што е забележливо е фактот дека последниве месеци многу се шпекулираа на оваа тема.
На одредени фотографии како да се гледа трудничкиот стомак на младата пејачка, а она што дополнително ја скокотка фантазијата е моментот кога таа не сакаше да позира пред љубопитните фоторепортери кои беа пред вилата на Дедиње за време на прослава на раѓањето на Исаија.
За потсетување, младата музичка ѕвезда и српски репрезентативец Немања Гудељ во мај минатата година ја објави најтажната вест дека срцето на нивната ќерка престана да чука во петтиот месец од бременоста на пејачката
Затоа сите сега со нетрпение ја чекаат најдобрата вест од Севиља, која се надеваме дека ќе ја слушнеме наскоро.
Извор: gloria.rs