Анастасија и Немања испочитуваа една голема традиција во Севиља: Таа блеска во црвено, сите гледаат што има на глава (ФОТО)
Пејачката и фудбалерот не објавуваат често заеднички фотографии, па со оваа ги воодушевија сите...
Анастасија Ражнатовиќ веќе некое време е во Севиља, кај своето момче Немања Гудељ. Сега тие двајца решија да испочитуваат нешто што е голема традиција во градот во кој престојуваат.
Имено, Анастасија објави фотографија со Немања, и покажа дека посетиле нешто што кај би се викало панаѓур.
Станува збор за настанот „Feria de Sevilla“, кој започна на 23 април и ќе трае до 29. Како што е наведено, станува збор за прослава на која нормалниот живот во Севиља запира.
Над 1.000 угостителски шатори се подигнати од локалните бизниси, истакнати семејства, клубови и политички партии. Тие слават, јадат и пијат од пладне до доцна во ноќта. Дамите се облекуваат во традиционални фламенко фустани, додека мажите носат традиционална кратка јакна и капа со широк обод.
Тоа го направи и Анастасија, која блеска во црвен фустан, додека на лицето има кармин во истата боја, а на главата шнола која изгледа како бел, голем цвет.
Инаку, доколку сакаат, тие ќе можат да присуствуваат и на борба со бикови, која се одржуваат секој ден додека трае манифестицијата.
фото: Принтскрин / Инстаграм