Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ славата годишнина од врската: Цвеќе, десерт, а фудбалерот откри како ја нарекува пејачката (ФОТО)
Таа со подарокот се пофали на својот Инстаграм профил...
Фудбалерот Немања Гудељ и пејачката Анастасија Ражнатовиќ вчера ја прославија првата годишнина од врската.
По овој повод, заљубената двојка беше на вечера, каде позираше, а фотографиите, пејачката ги сподели на својот Инстаграм профил.
Пејачката за оваа прилика носеше шарен фустан со откриени рамена, а бидејќи надвор било свежо, и двајцата се прекриени со ќебиња.
Исто така, Ражнатовиќ се пофали и со цвеќето кое го добила од фудбалерот, на кој стоеше оваа порака: „Среќа 1 година Бубо“.
За потсетување, фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ неодамна изјави дека Анастасија е во процес на добивање дозвола за престој во Шпанија и во оној момент кога ќе биде решена бирократијата, Севиља ќе стане и официјално живеалиште на нејзината наследничка.
фото: Принтскрин / Инстаграм