Анастасија Ражнатовиќ на бела мрежа го „запали“ Инстаграм: Повеќе од 30.000 за смелата поза
Анастасија Ражнатовиќ не престанува да воодушевува со фотографиите во костимите за капење, а со најновата го „запали“ Инстаграм.
Младата музичка ѕвезда овој пат позираше додека се сончаше на мрежа во жолто бикини, а освен заводливите пози преку кои ги истакна долгите нозе и рамниот стомак, следбениците ги почасти со итригатна порака.
„Бакни ме полека, сакај ме брзо“ - напиша пејачката покрај фотографијата.
Инаку, младата пејачка веќе неколку години ужива во љубовта со Ѓорѓе Куљиќ, кој ретко се појавува во јавноста.
„Интересно е дека завршил средно илитно училиште во Швајцарија, кое е организирано по моделот интернат, во кое учеле и деца на разни принцови и аристократски семејства од целиот свет. Една училишна година чинела 60.000 евра. Тоа јавноста не го знаеше, знаеше само дека студирал во Њујорк, каде инаку има започнато и свој приватен бизнис“ - за „Ало“ неодамна откри добро информиран извор.