Анастасија Ражнатовиќ откри која вакцина ја примила, но призна и дека со момчето купила луксузен стан
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ се вклучи во утринската програма на ТВ Прва, во 3 часот наутро според временската зона во Мексико, каде престојува веќе некое време со другарките, а во таа причика откри детали за патувањето, но и за купувањето на стан во Белград со момчето Ѓорѓе Куљиќ.
„Прво да кажам, доколку имам некој лапсус, овде е 3 часот наутро. Секој ден ни е поинаков, се трудиме да видиме сѐ во овие 12 дена, вечерва бевме на вистинско мексиканско место, на сплав каде пеат маријачи! Јадете мексиканска храна и пиете текила, уживанција“ - рече Анастасија и откри што е потребно за да се замине во Мексико среде пандемија, но и каква е атмосферата таму.
„Пред сѐ е потребна виза, ПЦР тест не ни беше потребен, единствено што беше важно е да се носат маски, на аеродром и во авион немаше никакви компликации. Што се однесува до ситуацијата тука, многу е поопуштено, маски се носат, но надвор луѓето функционираат потполно нормално, што беше изненадувачки. Се чувствувам како да сме потполно изолирани од целата ситуација, никој не зборува за короната, чудми е што ги гледам луѓето без маски и дека е сѐ како порано. Ќе ми биде чудно да се вратам на старо, кога се навикнав на опуштен живот.“
Водителот Филип Чукановиќ кажа дека никој нема да ја праша, алудирајќи на својата колешка, но дека тој мора: „Дали го убеди момчето да се преселите во Белград и дали купивте заедничка недвижнина и дали ќе започнете живот во Белград?“
„Знаете како, со оглед на тоа дека тој е Нови Сад никогаш нема да бидеме потполно преселени, вистина е дека купивме недвижнина во Белград, половина време ќе бидеме во Белград, половина Нови Сад, што се однесува до мене како и досега, во Белград ми се семејството, пријателите... Мене ништо специјално нема да ми се промени, освен што сега во Белград ќе бидам со него во стан, а не дома. Се одделив јас одамна, тој и јас живееме заедно веќе некое време. И пред тоа живеев со пријателки и сама, па така што се навикнав“ - кажа младата пејачка.
Анастасија пред патувањето се ревакцинираше, а ја примила „кинеската“ вакцина, а како што кажа, немала никакви нуспојави.
„Се ревакцинирав непосредно пред Мексико, да бидам некако безбедна, по вакцината се чувствував нормално, супер се чувствував, сега кога сум помеѓу луѓе нема паника и грижи дали ќе се заразам и сега самата со себе се чувствувам помирно и апелирам на сите луѓе да го направат тоа и конечно да се извлечеме од ова и да можеме да живееме нормално. Ја примив „кинеската“ вакцина, читав многу за тоа и некако таа најмногу ми се допадна, но имам пријатели кои се вакцинираа со другите вакцини и се чувствуваат супер“ - истакна наследничката на Цеца.
Анастасија откри и дека по враќањето од Мексико ќе работи на новиот албум, а истакна и дека нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ има проблем со наоѓањето песни, бидејќи не сака да сними нешто што не го чувствува.
„Ќе се случи кога ќе биде моментот за тоа. Не работам ништо, снимив многу песни, но не сум сигурно дека ќе има албум во скоро време, но ќе има синглови за кои сум сигурна дека ќе ѝ се допадната на публиката. Кога ќе се вратам ќе се „фрлам“ на снимање спотови. Мајка ми најмногу би сакала да има готов албум, но не би можела во оваа ситуација да направи „Ушче“, но сигурно сум дека најмногу би сакала да излезе пред публика. Нема песни, нејзините стандарди се високи, не сака да сними нешто што не го чувствува, нешто што не ѝ се допаѓа 100%.“