Анастасија Ражнатовиќ се прошета низ некогашната куќа на Пабло Ескобар: Потоа ги изненади своите следбеници
Куќата, денес е хотел кој се наоѓа во Тулум, место каде престојуваат и најголемите светски ѕвезди...
Анастасија Ражнатовиќ ја сними прошетката низ некогашната куќа на Пабло Ескобар, која сега е претворена во хотелот „Casa Malca“ во Мексико.
Куќата, денес хотел, се наоѓа во Тулум, место на кое се одмараат и познатите светски ѕвезди.
Ражнатовиќ со задоволство го покажа местото во кое престојува, нагласувајќи дека станува збор за некогашниот дом на покојниот нарко бос, а потоа следбениците на Инстаграм ги почести со врели кадри.
Имено, таа ја покажа разликата која ја направи сонцето на нејзиното тело, поточно колку боја фатила.