Откако знам за себе, не се сеќавам на татко ми: Анастасија Ражнатовиќ со емотивно признание

Откако знам за себе, не се сеќавам на татко ми: Анастасија Ражнатовиќ со емотивно признание

Објавена во: Живот // Живот

Анастасија Ражнатовиќ не крие дека односот што го има со нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ ѝ е многу важен, а за татко ѝ вели, откако знае за себе, не се сеќава на него. „Отсекогаш ми било тешко што немам татко, а најмногу ми недостасуваше кога бев мала“, вели младата пејачка.

Анастасија Ражнатовиќ за првпат за ALO! магазин,  раскажа со какви предизвици се соочувала додека растела без нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Анастасија објасни зошто е горда на својата мајка, од што се откажала Цеца заради своите деца, но и во кои моменти најмногу ѝ недостасувал ликот на нејзиниот татко.

Самохраните родители мораат да се откажат од многу работи. Од што се откажа мајка ти за Вељко и за тебе?

- Таа се откажа од сè затоа што е поинаку кога двајцата родители се грижат за растењето на своите деца. Самохран родител треба да носи сè на грб, сам. Мајка ми е цел живот изложена во јавноста, сето тоа ја отежнуваше ситуацијата, бидејќи покрај голем притисок во јавноста, Цеца мораше да биде и добра мајка.

Дали сте горди на својата мајка затоа што, како што велите, најголемиот товар за одгледување падна само врз неа?

- Секако, многу сум горда на неа, секогаш и засекогаш.

Колку ти беше тешко да немаш татковска фигура присутна во животот додека растеш?

- Откако знам за себе, не се сеќавам на татко ми. Секогаш ми беше тешко да немам татко, а најмногу ми недостасуваше кога бев мала. Кога татковците доаѓаа да ги земат своите ќерки од училиште, тогаш јас честопати размислував и бев тажна, но научив да живеам со тоа. Фала му на Бога, покрај себе имав мајка и тетка, кои ми дадоа љубов и беа целосно посветени на мене и на Вељко.

Каков совет можете да им дадете на самохраните мајки, но и на децата што растат во такви семејства?

- Мајка ми најдобро може да го каже тоа, бидејќи таа е таа што го помина тој тежок период од животот. Но, кога ќе се сетам на мајка ми и нејзиното искуство, би им порачала да бидат силни, да им бидат најголема поддршка и пријател на своите деца и сè ќе биде како што треба. Децата ќе знаат како да го ценат тоа.

Извор: Ало.рс

За потегот на Цеца од 90 - тите сè уште се зборува, Анастасија тврди: Никогаш не би го направила тоа што го направи мама

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: